Вести Македонија Најважни

Градот Битола го понесе приматот со најголема снежна покривка од утрово, но и со најмногу проблеми за граѓаните

Битола утрово осамна завеана во снег. Снежните врнежи кои непрекинато паѓаат во изминатите 24 часа речиси го парализираа градот. Според официјалните мерања на УХМР снежната покривка е 32 сантиметри.

Зима каква немало со години наназад. Улиците се со кашест снег, а голем дел од тротоарите и пешачките зони се затрупани од снежни наноси. Граѓаните се жалат дека тешко се движат низ градот.

Некаде е листено, некаде не. Главната улица е помината, на друго место не може да се разминат колите. На Широк Сокак е опасно, пешаците тешко се движат. Лизгаво е страшно е, велат граѓаните.

Во снег е и старата битолска чаршија, а сопствениците на дуќаните утрово сами го чистеа снегот.

Некаде се чистени, некаде не се.  Низ пазарот поминав некаде сами чистат пред дуќани. Тешко се движиме, одоздола има мраз, човек ако падне ќе се искрши, вели граѓанин.

Жителите од околните села се жалат дека утрово едвај стигнале до градот.

Многу е тешко, не се чистени улиците. Од Меџитлија едвај дојдовме во Битола, патот не е чист. Катастрофа е, велат жители на Меџитлија.

Снег и денеска врне во Битола.  Од локалната самоуправа тврдат исчистени се сите улици, а   употребени се 120 тони сол и 120 метри кубни ризла. Иако, велат јавните претпријатиja се должни да ги исчистат сообраќајниците и тротоарите во рок од 6 часа откако ќе престанат врнежие, сепак сите служби со целиот свој капацитет се на терен  од вчера од почетокот на врнежите.

Исчистени се сите улици од прв приоритет и пристапите до објектите од витално значење. Исто така, исчистени се и улиците од втор и трет приоритет, освен онаму каде поради паркирани возила е оневозможен пристап на механизацијата за чистење, соопштија од Општина Битола.

Во моментот нема отсечени села, а на планинските превои има забрана за тешки товарни возила.

Патиштата до скијачките центри на Пелистер се пристапни, велат од општина Битола и додаваат дека чистењето на улиците продолжува

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум пожари на отворен простор евидентирани во земјата – четири сè уште активни

Дејан Дејан

Јакимовски: Да воведеме и данок на купени дипломи и изгубени премиери?

Дејан Дејан

Трамп најави предупредувачки писма со царински мерки до 12 земји

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе