Вести Македонија Најважни

Избеганите началници на УБК, Грујевски и Бошковски со највисоки казни, Јанкулоска доби ослободителна – пресуди за предметот „Тврдина“

Кривичниот суд денеска ја објави пресудата за „Тврдина“. Екс разузнавачите Горан Грујевски и Никола Бошковски кои избегаа во Грција која не ги екстрадираше добија највисоки казни. Грујевски е осуден на 14 и пол години, а Бошковски на 9 години и 10 месеци за злоупотреба на службената положба и фалсификување на исправа, поврзано со уништувањето на системите за следење на комуникацијата во УБК.

Тони Јакимовски доби казна затвор од три години. Условно беше осудена Валентина Симоновска на две години, а казната нема да се спроведе доколку во рок од пет години не направи друго кривично дело. Ослободителна пресуда доби поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, бидејќи како што кажа судијата, Илија Трпков обвинителството не докажало дека го сторила делото.

„Повредени беа човековите права на огромен број граѓани, бизнисмени и политичари. Се упадна во приватноста. Со прислушувањето се контролираа процеси и се контролираа бутновните граѓани. Со упадиот во системот, се овозможи кривичното дело за прислушувањето да застари“, рече судијата Трпков во образложението на пресудата.

Повторената пресуда за „Тврдина“ следеше, откако застаре гонењето за делот „Таргет“ за масовното прислушување каде меѓу обвинетите беше и екс шефот на УБК, Сашо Мијалов.

Но, и на „Тврдина“ ѝ се ближи рокот за застарување за неколку месеци. Ако дотогаш не стане правосилна, пресудата ќе застари. Апелација еднаш веќе ја укина пресудата „Таргет-Тврдина“. Тогаш предметот стоеше во фиока дури девет месеци кај апелациониот судија Енвер Беџети, а Судскиот совет за тоа го казни само парично.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фатен нов див приклучок на вода во Сарај – поднесена кривична пријава

Дејан Дејан

24 загинати, десетици деца исчезнати по катастрофални поплави во Тексас

Дејан Дејан

Судот му даде куќен притвор на мотоциклистот кој до смрт прегази пешак на скопскиот Кеј зад владата и избега

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе