Вести Најважни Свет

Јужнокорејски патнички авион излета од пистата и се запали, загинаа сите 175 патници и 4 членови на екипажот, само двајца преживеани

179 лица загинаа откако патнички авион на нискобуџетната јужнокорејска компанија ЏеЏу аир излета од пистата на аеродромот во градот Муан.

Во авионот кој полетал од Банкок имало вкупно 181 патник и членови на екипажот, најголемиот дел од нив се враќале во Јужна Кореа откако одлучиле да го поминат Божиќ во Тајланд.

Од неговите остатоци беа извлечени само две преживеани лица, и според локалните медиуми и двете биле членови на екипажот.

Како прво, им се поклонувам на сите кои патуваат со Џеџу аир. Пред се, сакам да го изразам моето најискрено извинување и сочувство до сите кои ги загубија своите животи во несреќата и нивните семејства. Во овој момент тешко е да претпоставиме која е причината за несреќата, и мораме да ги почекаме официјалните резултати од истрагата на властите, изјави извршниот директор на авиокомпанијата.

Од објавените снимки се гледа дека авионот лизга со трупот по пистата, откако опремата за слетување, односно тркалата не се спуштиле. Авионот лизгал по целата должина на пистата и се забива во ѕид, по што се запалил.

Постои сомнеж дека авионот налетал на јато птици приоѓајќи кон пистата, а јужнокорејските медиуми објавија дека еден од патниците испратил порака до роднина пишувајќи му дека во крилото има заглавено птица, и авионот не може да слета.

Претпоставуваме дека причината за несреќата е јато птици или влошувањето на временските услови, но точната причина ќе биде утврдена со понатамошната форензичка истрага. До сега извлековме 80 тела. Најдовме двајца повредени и тие се пренесени во блиските болници, изјави Ли Џонг Хјон, командирот на противпожарната бригада во градот Муан.

Ова е втората најтешка авионска несреќа во историјата на Јужна Кореа, откако во 1997 година авион на Креан ерлајнс се урна во Гуам, при што загинаа 228 лица.

Во исто време ова е и најлошата авионска несреќа при слетување кога во 2007 Ербас А320 излета од пистата во Сао Паоло и удри во зграда до аеродромот. Во таа насреќа загинаа 187 патници и членови на екипажот и 12 лица на земјата.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварската вода под истрага и на лабораториска анализа- над 1.200 луѓе пријавиле симптоми на труење

Дејан Дејан

МОН го објави конкурсот за студентските домови – во реновираниот дом „Стив Наумов“ ќе се плаќа 6600 денари додека во другите 3410 денари

Tea Dimkovska

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе