Балкан Вести Свет

Црна Гора без буџет, опозицијата ја блокираше работата на Собранието

Претседателот на црногорскиот парламент Андрија Мандиќ ја затвори денешната седница, откако опозицијата предводена од Демократската патрија на социјалистите најави дека ќе продолжат да ја блокираат работата на Собранието, за да не се донесе буџетот за следната година. На тој начин државата ќе влезе во фаза на привремено финансирање.

Опозицијата не дозволува Парламентот да продолжи со работа незадоволна од одлуката на Собранието да пензионира еден судија на Уставниот суд. Веќе двапати не дозволија да се одржи седницата правејќи бучава, а не му дозволија ниту на премиерот Милојко Спајиќ да одржи прес-конференција во собраниската сала, откако не беше одржан премиерскиот час.

Согласно Законот за буџет и фискална одговорност, доколку законот за државниот буџет не биде донесен до 31 декември, Министерството за финансии до неговото донесување месечно одобрува „до една дванаесетина од реалните расходи во претходната фискална година“ на потрошувачки единици.

Пред завршувањето на седницата Мандиќ рече дека бил принуден да изрече мерка за пратениците и ја прекина седницата.

Кабинетот на премиерот на Црна Гора соопшти дека со неусвојувањето на Буџетот за 2025 година се загрозува исплатата на зголемените пензии, реализацијата на капиталните проекти, како и враќањето на старите долгови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе