Балкан Вести Свет

(ВИДЕО) И нашата Тијана собра свирежи поради Дачиќ и протестите против Вучиќ

Свирежи не за неа, но за политичарот кој го најавуваше. Во ваква ситуација се најде македонската пејачка и актерка Тијана Дапчевиќ која го водеше детскиот фестивал „Чаролија“ во Белград.

Кога Тијана во рамки на програмата го спомна името на министерот Ивица Дачиќ како добитник на награда за пријател на фестивалот, низ салата се слушнаа извици „уаа“ и силни свирежи.

Дачиќ кој е долгогодишен соработник и партнер на српскиот претседател Александар Вучиќ е дел и од српската влада како претседател на Социјалистичката партија на Србија. Од ноември, по несреќата во Нови Сад има постојани протести против владеењето на Вучиќ, а протестите кулминираа синоќа со големиот собир на кружниот тек „Славија“ во центарот на Белград.

Фестивалот на кој се слушнаа свирежите против Вучиќ се одржа после големиот протест.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По поскапувањето на терапиите и недостигот на заменски лекови, уште една ранлива категорија пациенти стравува дека може да остане без терапија

Sonja Petrusevska

Што претходеше на епидемијата во Гостивар – насилни протести, известувања за да не се пие водата, интервенции во мрежата

Sonja Petrusevska

Живот без вода за пиење на +40, гостиварци бараат санкции за сите одговорни

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе