Вести Македонија Најважни

МВР повторно во акција во Арачиново- заплени 11 парчиња оружје се проверува поврзаност со кланот Беланоца/Барон

Откриено автоматско оружје во околината на скопско Арачиново. МВР утово во акција заплени 11 парчиња оружје за кои верува дека имаат поврзаност со криминалната група Беланоца/Барон од Арачиново чии членови беа приведени неделава.

Се проверуваат и траги од ДНК и отпечатоци за да се открие кој се е поврзан со огненото оружје. Акцијата продолжува и денеска.

Единици на МВР се со засилено присуство на повеќе локации во земјата. Запленета на оружјето е извршена во рамките на акцијата за сузбивање на насилни криминални групи на повеќе локации, којашто почна во неделата.

Јавен обвинител пред два дена донесе наредба за спроведување истражна постапка против 18 лица членови на банда кои директно се поврзуваат како нарачатели, помагачи или директни извршители, сторили на кривични дела убиство, од кои 12 лица се осомничени и за кривично дело злосторничко здружување, додека петмина и за кривично дело тешки дела против општата сигурност. Другите четири лица се товарат за кривично дело изнуда.

Арачиново под полициска опсада се апсат припадници на кланот Беланоца/Барон

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехранбени производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе