Вести Македонија Најважни

Вработување на нови 600 полицајци, најави Мицкоски

(ФОТО АРХИВА) Огласот треба да се распише наредната недела, но претседателот на владата Христијан Мицкоски веќе го најави и кажа дека МВР ќе прима нови 600 полицајци. Според него, потребата од нови вработувања во МВР е поради тоа што дел од полицајците се пензионираат, а дел за кадровско зајакнување.

Ова ќе биде втор оглас на МВР за нови вработувања, на почетокот на декември беше распишан оглас за вработување на нови 101 припадник на МВР. Со тоа вкупната бројка на нови вработувања во МВР ќе изнесува 701.

-Многу малку се водело сметка за квалитетен кадровски потенцијал во рамките на МВР.. Тоа го согледуваме сега, откако изминавме период од речиси шест месеци, каде што анализиравме, истражувавме и дојдовме до заклучоци дека навистина изминатите години е правен, би рекол, епски криминал и за тоа практично да се санкционира, за да сето тоа излезе пред правдата, ова основано сомневање, потребен е човечки кадровски потенцијал. И во таа насока можам да објавам дека овој месец се планирани нови 600 вработувања во МВР. Така што, МВР очекува веќе следната недела да објави оглас за 600 нови вработувања во рамките на министерството, изјави премиерот Мицкоски во Штип.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе