Вести Најважни Свет

(ФОТО) Изгласан импичмент на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол

„Никогаш нема да се откажам“ изјави јужнокорејскиот претседател откако Националното собрание го изгласа импичментот поради неговото воведувањето на воена состојба во државата.

  • „Можеби сега ќе застанам за момент, но патувањето кон иднината по кое одев со луѓето во изминатите две и пол години, никогаш не смее да запре. Никогаш нема да се откажам. Ќе ги задржам за себе сите критики, охрабрувања и поддршка упатени кон мене, и ќе дадам се од себе за земјата до последен момент“ изјави Јун Сук Јеол, претседател на Јужна Кореја.

Додека течеше гласањето исто време пред Националното собрание се одржаа двојни протести. Поддржувачите за одлуката за импичмент можеа да се забележат како парадираат со портокалови балони, додека поддржувачите на претседателот Јун вееја јужнокорејски знамиња.

Парламентот со 204 гласа „за“ и 85 „против“ го изгласа отповикувањето на јужнокорејскиот претседател. Овластувањата и должностите на Јун ќе бидат суспендирани, откако документите за импичмент ќе бидат доставени до Уставниот суд. Судот има до 180 дена да одлучи дали ќе го разреши Јун од претседателската функција, или ќе му ги врати овластувањата. Доколку биде отстранет од функцијата, во рок од 60 дена мора да се одржат избори за негов наследник.

Процес би можел да трае со недели, бидејќи допрва треба да се одржи судењето во Уставниот суд. Ако шест од деветчлениот совет гласаат за поддршка на импичментот, само тогаш претседателот ќе биде сменет.

Опозициските партии го обвинуваат Јун за организиран бунт, кој според законите се карактеризира како удар против државните власти и поткопување на Уставот.

Најголемата опозициска партија вети дека ќе го задржи притисокот врз претседателот Јун Сук Јеол и дека ова ќе биде „првиот чекор во решавање на кризата“.

  • „Суспендирањето на водачот на бунтот Јун Сук Јеол е само првиот чекор во решавањето на кризата. Нема да ја намалиме нашата будност додека не се спроведе темелна истрага за да се открие целосниот опсег на инцидентот и оние кои беа вклучени во уредбата за воена состојба и истите не бидат казнети“ нагласи Парк Чан-дае, лидер на Демократската партија на Кореја.

Воведувањето на воената состојба од страна на претседателот на Јун беше прва од ваков вид по повеќе од четири децении во Јужна Кореја која траеше само шест часа, а предизвика огромен политички метеж, што ги запре дипломатските активности и ги попречи финансиските пазари. Јун беше принуден да го укине својот декрет, откако парламентот едногласно гласаше да го поништи. Јун во историјата на Јужна Кореја стана вториот претседател кој е успешно отповикан.

Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателот на Врховниот суд Фидани вети дека ќе ја врати довербата во судството

Дејан Дејан

Очекувајте темератури над 40 степени, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните

Дејан Дејан

Паолучи: Фокусирајте се на зајакнување на домашните темели на економскиот раст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе