Вести Македонија Најважни

Кос: Уставните измени мора да се спроведат, ништо помалку, ништо повеќе

Уставните измени мора да се спроведат, ништо помалку, ништо повеќе. Ова е порака, која новата еврокомесарка Марта Кос, која денеска беше изгласана од Европскиот парламент во идните пет години да го води комесаријатот за проширување, ја испрати до Македонија.

Да ние очекуваме Северна Македонија да го смени Уставот, бидејќи тоа е нешто на што сметаме, ништо помалку, ништо повеќе и сигурна сум дека тоа може да се направи. Тогаш можеме навистина многу брзо да напредуваме, изјави Марта Кос, еврокомесарка за проширување, веднаш откако беше избрана за еврокомесарка за проширување.

 На прашањето дали Македонија може да добиеме гаранции дека нема да има нови блокади од Бугарија, Кос одговори: 

„Не сум јас таа што може да го гарантира тоа”.

Кос е на став дека решението за надминување на спорот меѓу двете земји е да се води дијалог со нив.

Да се разговара со нив, најмногу што е можно, со двете и со луѓето во Северна Македоонија и со Бугарија и Бугарите. Треба да покажеме дека е во наши раце како ќе го решиме билатерлниот проблем. Без тоа и без следење на европските вредности нема да бидеме во можност да направиме што е најдобро и за ЕУ и за Северна Македонија, изјави Кос.

Во Европскиот парлемент ставот е дека Кос е одличен избор за еврокомесар за проширување бидејќи одлично го знае региноот и неговите проблеми, но е и целосно посветена на проширување со земјите од Западен Балкан. Но за ралика од неа, европратениците решение за деблокирање на македонското пристапување, освен во дијалог со двете земји, гледаат токму во гаранции од Бугарија дека нема по донесени уставни измени да ја блокира Македонија со нови билатерални барања. 

Потребна ни е можност за правна гаранција од бугарска страна дека по внесувањето на бугарското малцинство во Уставот нема да произлезе ново и ново барање. Затоа ни е потребна таква правна сигурност. И во оваа насока е Европската унија е на страна на Македонија и сите го очекуваме тоа од Бугарија. Тоа ќе биде клучот. Јас известував како се одвиваа изминатите години но, тоа не црно-бело, изјави Вајц, европратеник известувач на ЕП за Македонија. 

Во меѓувреме Европскиот парламент како што изјави Вајц, но и европратеникот Михаел Галер, член на Комитетот за надворешни работи на ЕП, бараат начин како да се смени начинот на творање на кластерите во преговорите, односно од едногласно, да може да се отвораат со квалификувано мнозинство.

Сепак, иако мнозинството во Европскиот парламент е за менување на бројот на гласови од земјите-членки за да се отвори нов кластер во преговорите за пристапување со земја-кандидат, за што постои можности во Договорот на ЕУ за такво нешто, сепак крајниот збор, како што велат, ќе го имаат Европскиот совет, но процес се уште не е стигнат во таа фаза.

Тие за предлогот за уставни измени со одложено дејство за надминување на проблемот со Бугарија сметаат дека не е одржлив, за што се во потрага по форма на решение, за што велат потребен им е соговорник во Бугарија.

Мора да ги најдеме тие гаранции, тоа е јасно. Какво е точното решение сѐ уште не знам… Прашајте ме за пет – шест месеци и тогаш ќе можам да ви дадам конкретен предлог кој би функционирал, изјави Вајц.

Во отсуство на политичка влада во Софија тој сметаат дека разговори можат да се водат со претседателот на Бугарија или со политичките партии.

Инаку денеска во Стразбур Европскиот парламент и даде зелено светло на составот на новта Европска комисија на Урсула фон дер Лајен со 370 гласа „за”. Таа во обраќањето пред пратениците во делот на проширувањето рече дека сонот на Европа се протега Западен Балкан, Украина, Грузија и Молдавиија. 

Инаку клучната порака која Фон дер Лајен денеска ја испрати од Европскиот парламент е дека Европа нема време за трошење и побара јакнење на европската одбрана и конкурентност, бидејќи, како што рече заканите се сериозни.

Специјален известувач на Телма од Стразбур

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе