Ковид19 Свет

Грција ја спушти рампата за Србите – Се крие вистинската ситуација, велат жителите на Нови Пазар

Грција донесе одлука од утре им е забранет влезот на српските државјани поради епидемиолошката ситуација во земјата и големиот број на луѓе од Србија кои во Грција се позитивни. Оние кои се затекнати таму при стапувањето во сила на оваа одлука можат да останат до завршувањето на нивните аранжмани. Од кабинетот на грчкиот премиер Мицотакис дописот пристигнал веќе во амбасадата на Србија во Атина.

-Ги предупредуваме сите граѓани да не тргнуваат на пат за Грција за да се избегне ситуација голем број граѓани да бидат затекнати на пат или на грчките гранични премини без можност да влезат на територијата на Грција.

Според официјалните податоци досега во Србија од корона вирусот починаа 311 луѓе, а потврдени се вкупно 16.131 случаи, на респиратот се 81 пациент, а на сила е вонредна состојба во десет градови. Од утре Штарк арената во Белград со 500 кревети повторно ќе биде ставена во функција, а во Нови Пазар каде поради влошената состојба луѓето се во паника од вчера е подигната полска болница со над 110 кревети.

Од 210 направени тестови во Заводот за јавно здравје во Нови Пазар, 81 бил позитивен, од кои 76 се од градот, а останатите се од Тутин, Рашка и Сјеница. Министерот за трговија и ве-де премиер Расим Љаиќ, кој пред два дена ги смируваше револтираните граѓани на Нови Пазар, денеска изјави дека од април во овој регион починале 46 граѓани, а неговиот пријател починал после три негативни теста. Семејствата на починатите се ослободени од погребални трошоци, но медиумите објавуваат дека вработен во болница им продавал сандаци и случајот е пријавен во полиција. Џамиите во Санџак се затворени за молитви. Во Нови Пазар денеска пристигна хуманитарна помош тешка 16 тони од Турција.

-Ова е прилика да ги повикам сите наши сограѓани на единство, на соборност да се воздржиме од некои брзи зборови и во воој момент сите заедно, заедништвото е потребно за да ја премостиме оваа болест која хара и во Нови Пазар и на Санџак, рече Нихат Хасановиќ, помошник градоначалник на Нови Пазар.

Огорченост кај граѓаните предизвика изјавата на Вучиќ дека болницата во Нови Пазар е една од надобрите иако на социјалните мрежи кружеа видеа за алармантната состојба на инфективното одделение, каде и ходниците беа тесни за да ги примат пациентите, кои дневно по 250 доаѓаат на преглед. Во Нови Пазар 20 лекари се заразени од коронавирусот и има дефицит на кадар.

Најсподелувана фотографија е оваа со девојчето кое надвор на клупа позади детскиот оддел прима инфузија. Граѓаните и денеска протестираат бидејќи се крие вистинската ситуација и бараат оставка од директорот на болницата, како и смена на кризниот штаб.

Билјана Ставрова

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје

Дејан Дејан

Илјадници Романци на проевропски протест пред вториот круг од претседателските избори

Дејан Дејан

Бомбашки напад во Судан: Загинаа 14 членови на едно семејство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе