Балкан Вести Свет

Во Шенѓин, Албанија пристигна италијанската морнарница со мигранти депортирани од Италија

Во Шенѓин, Албанија пристигна италијанската морнарница со мигранти депортирани од Италија. Ова е втор трансфер на мигранти откако првата група од 12 мигранти беа вратени во Италија поради пресуда на судот во Рим дека нивните земји на потекло, Бангладеш и Египет, не се доволно безбедни за репатријација.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони предвиде два центри во Албанија да собираат до 3.000 мигранти месечно како начин Италија да се справи со пристигнувањето лица кои бараат азил на југот од земјата.

Активистите за човекови права го осудија договорот за мигранти меѓу Албанија и Италија како опасен преседан. Премиерката Мелони, ја критикуваше пресудата на судот во Рим и рече дека сметањето на земјите како Бангладеш и Египет за небезбедни значи дека на сите мигранти ќе им биде забрането да бидат дел од програмата во Албанија, што го прави договорот неостварлив.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Трансформирана меморија“ самостојна изложба на Данчо Ордев, вечерва во галеријата Остен

Дејан Дејан

Пропусти во исплатите и јавните набавки, склучување договори по истек на рок – вака се работело во Академијата за судии и јавни обвинители утврдија ревизорите

Дејан Дејан

Пред почетокот на жетвата земјоделците бараат од 15 до 18 денари за килограм пченица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе