Премиерот Христијан Мицкоски, изрази оптимизам во телефонскиот разговор со лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, верувајќи дека ќе успее да формира стабилна влада во Бугарија.
Мицкоски му ја честитал победата и истакнал дека таквата влада би можела да ја откочи интеграцијата на Македонија во Европската Унија.
Сепак, поранешниот министер за надворешни работи, Антонио Милошовски, изрази скептицизам, сметајќи дека, дури и ако се формира влада, таа нема да биде долготрајна.
Дел од аналитичарите пак сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ и ГЕРБ, како сестрински партии, ќе можат да најдат заеднички интереси и решенија.
Најновите политички случувања во Бугарија доаѓаат по седмите парламентарни избори во последните три години, што создава дополнителни предизвици за стабилноста на владата.
Многу аналитичари сметаат дека формирањето на стабилна влада е тешко изводливо, што остава неизвесност за идните одлуки во однос на европските интеграции на Македонија.
