Вести Најважни Свет

Шок и неверување во Босанска Крупа, малолетник со нож уби еден полицаец и рани друг

Безбедноста во Босна и Херцеговина е дигната на највисоко ниво, полицајци вооружени до заби ја обезбедуваат полициската станица во Босанска Крупа, каде синоќа околу 21 часот упадна малолетник со нож до смрт избоде еден полицаец, а друг полицаец повреди.

Повредениот е хоспитализиран и неговата состојба е стабилна по операцијата. Нападот беше „целосно неиспровоциран“, изјави портпаролот на полицијата Аднан Бегановиќ.

Босанските власти нападот, во ова мирно место, го оквалификуваа како терористички акт, бидејќи се работи за напад врз институција со цел заплашување на населението. Обвинителството истражува дали позади нападот на тинејџерот можеби стои екстремистичка група.

Не е утврдено дали извикувал одредени извици или зборови при нападот. Градоначалникот на Босанска Крупа, Халитовиќ, рече дека граѓаните се во шок, а истрагата треба да ја утврди причината за нападот.

Она што се случи вечерва не шокираше сите и не можеме да веруваме дека се случи во Босанска Крупа бидејќи Босанка Крупа е град без поголеми проблеми. Се надевам дека властите ќе направат се што е можно да се испита и дека ќе се знае вистинската причина, рече Армин Халитовиќ, градоначалник на Босанска Крупа.

Тинејџерот, роден 2009 година, кој сега е приведен, на распитот пред полицијата и обвинителството се очекува да го открие својот мотив за крвавиот поход. Пред нападот тој  испратил чудни пораки до познаници, збогувајќи се со нив. Оние кои го познавале за босанските медиуми велат дека дека бил склон кон верски екстремизам.

Што да кажам, ова е голема тага. Особено бевме изненадени што се работи за малолетник кој има 14 години и кој се осмели да влезе во полициската станица и да нападне полицајци мислам дека ова е аларм и ние како општество треба да се запрашаме што се случува овде, изјави Аднан Хабибија, министер за внатрешни работи на Унско-санскиот кантон.

Момчето е соочено со казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор. Но, според законот не може да биде осуден на таква казна затвор затоа што не наполнил 16 години, односно спаѓа во категоријата помлад малолетник, кој може да биде упатен во воспитно-поправен дом најмногу до пет години.

Босанска Крупа се наоѓа на околу 200 километри северозападно од Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина.

Билјана Ставрова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе