Претседелката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен претпладнево допатува во Скопје. На скопскиот аеродром ја пречека министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, според кого посетата на Фон дер Лајен е потврда за проевропската ориентација на владата и доказ дека иднината на државата е тесно поврзана со иднината на европското семејство.
Фон дер Лајен пред владата беше дочекана од премиерот Христијан Мицкоски. Во моментов во Владата се одржува тет-а-тет средба помеѓу премиерот и претседателката на ЕК, по што ќе се одржи и билатерална средба меѓу двете делегации.

По состанокот е најавена заедничка прес-конференција. Според најавите, Фон дер Лајен попладнево ќе има средба и со претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
