Вести Македонија Најважни

Собраниска „глува соба“ за надзор врз тајните служби, иако надзорните комисии сè уште не се оперативни

Се наоѓа во подрумот, се влегува низ метална врата, а не смее да се внесе ниту пенкало, ниту мобилен телефон, ниту вода однадвор. Ова е накратко описот на таканаречената „глува соба“ во која треба да расправаат надзорните служби од пратениците и да вршат ефикасен надзор врз македонските тајни служби кои со промената на власта сè уште не ја знаат својата судбина, дали и кога и како ќе се спојат во една, како што бара новата владечка коалиција.

„Глувата соба“ е изградена со кофинансирање од една страна на Собранието, од друга страна странска донација преку швајцарската организација ДКАФ. Правена е по највисоки стандарди, со посебни материјали, без можност за зрачење внатре и без никаква конекција и интернет и компјутерска врска со Собранието.

И новинарите можеа да влезат внатре, ама и тие беа без можност да снимаат внатре поради безбедносните протоколи. Па за транспарентност мораше да се искористат само неколку слики од промоцијата на овој голем проект кој како што ни кажаа го градела фирма и градежници кои, исто така, морале да имаат безбедносни сертификати за да не ги откриваат тајните на просторијата.

На исто место се најдоа и пратениците од двете страни. Зборуваа и го пофалија дострелот. Во салата како гости беа и оние кои ќе мора да одговараат пред пратениците од надзорните комисии. Новиот директор на АНБ, Бојан Христовски, а во јавноста по подолго време се појави и директорката на Оперативно-техничката Агенција, Марија Јаническа. Единствено ја немаше директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева.

Не беше присутен ниту пратеникот Скендер Зејд Реџепи кој е претседател на надзорната комисија за надзор врз тајните служби, но ќе почека да води комисија во „глувата соба“, бидејќи нема ниту побарано безбедносен сертификат досега. Втората надзорна комисија за прислушувањето при формирањето е направена со дефект и Собранието противзаконски избрало шетчлен состав, но наместо со опозициско, со владеачко мнозинство. Досега Парламентот не се обиде да се врати во законските рамки.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе