Вести Македонија Најважни

Четворица вработени во ЗОО Скопје под засилен здравствен надзор, од ИЈЗ смируваат – ризикот за посетителите е мал

Четворица вработени во Зоолошката градина две недели ќе бидат секојдневно проверувани за симптоми.

Во институцијата е детектиран птичји грип, а епидемиолошката анкета направена на петнаесет лица ги издвоила овие неколкумина вработени, како лица кои ќе бидат под засилен здравствен надзор.

Тие утре ќе добијат решенија издадени од епидемиолози, а ќе бидат следени и останатите.

Здравствен надзор согласно протоколите не подразбира карантин и изолација туку подразбира дека во текот на следните две недели, овие четири лица ќе бидат медицински следени дали ќе пројават каков било симптом којшто понатаму би требало да се испитува дали се работи за Птичји грип. Епидемиолозите ме информираа дека едно од тие лица на 18 октомври имало некакви симптоми коишто траеле еден ден, а тоа е температура и дијареја. Но, тоа не значи дека тоа лице има Птичји грип. Тоа лице секако дека ќе биде тестирано, вели Марија Андоновска, директорка на Институтот за јавно здравје.

Угината гуска е детектирана минатиот понеделник во езерцето во Зоолошка.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство реагираат дека иако на 14 октомври е забележан случајот, никој од менаџментот на институцијата не постапил според законските процедури, според коишто се должни да се обратат до ветеринар за секаков сомнеж за заразна болест.

„Прекршувајки ги законските обврски, од ЗОО Скопје самостојно доставиле примерок до Факултетот за ветеринарна медицина кој е примен на обработка на 15 октомври. На 18 октомври, за жал е добиен наод со кој е потврден случај на присуство на вирусот на авијарна инфлуенца – Птичји грип кај гуска, се вели во дел од соопштението на Агенцијата за храна и ветеринарство.

… се вели во дел од соопштението на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во одгледувалиштето на Зоолошка, официјалниот ветеринар донесе забрана за влез на посетители, забрана за пристап до езерцето во кое е пронајдена угинатата птица, земени се примероци за анализа, а наредено е и чистење и дезинфекција на просторот околу езерцето.

Од Институтот за јавно здравје смируваат – посетителите на Зоолошка да не стравуваат. Ризикот за пренос на болеста е исклучително мал, освен во случај на близок контакт со угинатото или заразено животно.

Треба да има близок контакт со заболено или мртво животно или да има близок контакт со некој од секретите или изметот на овие заболени или мртви животни. Тоа значи дека доколку посетителите немале близок контакт, ризикот е мал, вели Марија Андоновска, директорка на Институтот за јавно здравје.

Менаџментот на Зоолошката градина вчера имаше поставено соопштение на портите, со кое ги извести посетителите дека поради „оперативно-технички работи, Зоолошката нема да биде отворена“.

Сега, портите ќе останат затворени во наредните три недели, односно 21 ден.

ЗОО Скопје вчера испрати соопштение до медиумите, во кое наведоа дека е извршен „масакр“ врз птиците тенденциозно и со намера да се наруши угледот на институцијата, а потоа и да се создаде алиби за затворање на истата.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе