Вести Македонија Најважни

Град Скопје, Струмица, Сарај и Теарце одбиени за пари од унгарскиот заем, премиерот вели немале комплетна документација

Струмица не добила пари затоа што од општината конкурирале со веќе почнат проект и избран изведувач. Од општина Теарце поднеле проекти преку приватна мејл-адреса, а документацијата од општина Сарај не била целосна. Град Скопје е одбиен затоа што конкурирале со некомплетни проекти.

Ова е објаснувањето на премиерот, зошто само овие четири општини, од вкупно 80 што конкурирале, се одбиени за финансирање со парите од унгарскиот кредит.

Сите 20 проекти на Град Скопје Град Скопје, за кои бараа  околу 102 милиони евра, повеќе од сумата за сите проекти, се одбиени.

Премиерот им порача на градоначалниците, до 15 ноември да поднесат нови проекти и повторно да се обидат да добијат финансирање од централниот буџет.

Тие, пак, се револтирани. Струмичкиот градоначалник на фејсбук напиша дека Струмица и` е трн во окото на владата.

Неговиот партиски колега, градоначалникот на општина Центар, доби еден ипол милион евра за реконструкција на спортската сала „Работнички„. Но, од СДСМ, реагираа дека исплатената вкупна сума е уште едно нереализирано ветување.

На огласот аплицираа 80 општини со вкупно 357 проекти, а од нив 77 општини ќе добијат финансирање за 274 проекти, чија вкупна вредност изнесува 65 милиони евра.

Општина Гостивар објави дека добила 2,7 милиони евра за вкупно 13 проекти од областа на животната средина, патната инфраструктура, транспортот, образованието и спортот.

Барањата на помалите општини се движат околу 100-тина илјади евра. Најголем дел од проектите се за патишта, канализации и водоводи.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе