Вести Македонија Најважни

Во тек е голема полициска акција во Тетово и Охрид

Во тек е голема полициска акција на територијата на општините Тетово и Охрид. Се вршат претреси на повеќе локации, а неофицијално во акцијата веќе има и неколкумина приведени.

Информацијата ја соопшти Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое ја раководи акцијата.

Пред два дена во Струмичко-гевгелискиот регион исто така беше извршена полициска акција во која уапсени беа 14 царински службеници, еден пензиониран цариник и еден полициски службеник, обвинети дека во последната година и половина примале поткуп за да не ги извршуваат претресите на увезената стока во државата.

Повеќе детали за акцијата се најавуваат во текот на денот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе