Вести Најважни Свет

(Вознемирувачко видео) Луѓе гореа до смрт – потресни сведоштва за „Би-Би-Си“ за израелскиот напад врз болница во Газа

Сведоци на израелскиот напад врз болница во Газа пред два дена, споделија впечатоци со „Би-Би-Си“ за ужасот и беспомошноста, гледајќи ги убиените и повредени луѓе.

Една жена ја нарече „една од најлошите сцени што ги видела во животот“. Повредено девојче, пак, рече дека слушала врисоци и барање помош од луѓе кои останаа заробени во опожарениот шатор во кругот на болницата. Маж, кој го контактираше британскиот сервис, рече дека се скршил, бидејќи „не можел ништо да стори“ да помогне на оние кои изгореа до смрт.

Израелски воздушен удар го погоди комплексот на болницата ал-Акса во Деир ал-Балах во центарот на Газа во раните утрински часови во понеделникот, предизвикувајќи пожар во кој изгореа импровизирани засолништа за раселени и повредени во Газа. Најмалку четири лица загинаа, а десетици беа повредени, поголем број жени и деца, соопшти министерството за здравство со кое управува Хамас.

На социјалните мрежи се шират вознемирувачки снимки со беспомошни луѓе кои горат додека луѓе од страна безуспешно се обидуваат да ги спасат и извлечат од шаторот. Израелската војска објави дека гаѓала борци на Хамас кои делувале во рамки на команден центар на паркиралиштето по што избувнал пожар, „веројатно како причина на секундарни експлозии“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе