Мендух Тачи го напушти Европскиот фронт. Информацијата и самиот ја потврди за Телма, но не откри повеќе детали за неговите понатамошни чекори. Се очекува дека во Собранието ќе дејствува самостојно, со можна поддршка по потреба на владеачката коалиција. Но, засега не преговара ниту со ВМРО-ДПМНЕ, ниту со „Вреди“.
Прашан дали планираат да преговараат со пратеници од ДУИ да преминат во нивниот табор, Меџити најави дека во наредниот период ќе има повеќе информации за тоа.
Премиерот, пак, изјави дека за него е важно што нивната коалиција е стабилна.
По заминувањето на Тачи, Европскиот фронт ќе остане со 17 пратеници, но оттаму упорно тврдат дека тоа нема да се случи.
Се појавија шпекулации дека и од Сојузот на Ромите ќе го следат примерот на Тачи, особено затоа што немаа претставник на последниот настан организиран од коалиционите партнери. Но, претседателката негира.
Ахмети, пак, не признава пораз. Вчера уверуваше дека Тачи е усогласен со „Европскиот фронт“, а денеска повторно ги повика „Вреди“, да ја напуштат владеачката коалиција и да се приклучат кон неговиот опозициски табор.
Далиборка Демјански
