Спорт Тенис

Синер и покрај двата позитивни допинг-тестови нема да биде суспендиран

Јаник Синер откако синоќа го освои мастерс турнирот во Синсинати денеска доби уште една добра вест. Италијанецот нема да биде суспендиран иако годинава имаше два позитивни допинг тестови.

Синер беше два пати позитивен на допинг тест во месец март за време на мастерс турнирот во Индијан Велс и тоа на супстанцата клостебол, што е анаболичен стероид.

Тенисерот веднаш негираше вина, а по неколкумесечната независна истрага предводена од Интернационалната агенција за тениски интегритет, беше откриено дека Синер бил во контакт со забранетата супстанца преку неговиот физиотерапевт.

Тој користел спреј што содржел клостебол за да третира исекотина на неговата рака, а во исто време имал третмани со тенисерот. Истрагата покажа дека на овој начин исклучително мали траги од забранетата супстанца се нашле во организмот на Италијанецот и дека воопшто не влијаеле на неговите перформанси.

Агенцијата соопшти дека се работи за несреќен случај и невнимание, па Синер нема да сноси последици поради позитивниот тест.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

(Видео) Скалони се расплака и ја прекина прес-конференцијата по поразот на Аргентина во финалето на СП 2026

Sasko Dimovski

Де ла Фуенте: Шпанија има златна генерација на фудбалери, покажавме што значи да се биде семејство

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе