Вести Македонија Најважни

Пропадна тендерот за нов компресорски систем на скопските клиники

Kompresorska stanica klinika

Пропадна тендерот за нов компресорски систем на скопските клиники. До истекот на рокот, вчера во 11 часот, ниту една фирма не доставила понуда за набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компримиран воздух кој ги снабдува сите клиники. Проценетата вредност на набавката беше над 18 милиони денари, односно 300 илјади евра.

Операционите сали во хируршките клиники со месеци работат со надворешни компресори, кои се преодно решение до поставувањето на новиот компресорски систем. Неизвесно е за колку пропаѓањето на тендерот ќе ги одложи работите.

Ако се избереше фирма, требаше да ги заврши работите за 120 дена, па операционите сали на хируршките клиники требаше да се вратат во нормална работа пред крајот на годинава.

Заедничките служби на клиниките ги известиле Владата и Министерството за здравство за пропаѓањето на тендерот. За Телма велат дека не им е јасно зошто никој не се пријавил.

Драмата со системот за компримиран воздух на скопските клиники трае од средината на мај, кога операционите сали беа затворени откако се појавила непозната миризба во салите.

На хируршките клиники се оперираа само итните пациенти, користејќи надворешни компресори. Останатите пациенти се препраќаа во другите две скопски болници или се трупаа на листата на чекање.

На почетокот на јуни, салите беа повторно отворени, но не се користеше системот за компримиран воздух, туку надворешни компресори.

Поставувањето на новата компресорска станица требаше до крајот на годинава да го реши проблемот.

Во меѓувреме, фирмата која го одржува системот за компримиран воздух излегла на терен во операционите сали и утврдиле зголемена влажност во амбиенталниот воздух од 95 проценти, а „непознат мирис е забележан после апаратот за анестезија“. Според нивниот заклучок, при зголемена влажност, мирисите се чувствуваат поинтензивно.

Потоа беа повикани и германски експерти.

Според експертите со кои разговараше Код, остануваат низа неодговорени прашања за потеклото на миризбата. Зошто ако доаѓа од системите за компримиран воздух, во едни сали има миризба, а во други нема, кога се работи за истата инсталација?

Како миризбата се појавува само во некои од хируршките сали, а не и во одделенијата, или во Интерните клиники, кои се приклучени на истиот систем?

Засега нема одговор на овие прашања.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Новиот папа денеска ќе ја одржи својата прва миса

Дејан Дејан

Една деценија од трагичните настани во кумановско „Диво насеље“

Дејан Дејан

Почнува судењето за сообраќајката во која беше прегазена Кулакова

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе