Вести Македонија Најважни

Јанева ја загуби делумната слобода од Идризово, син и тврди дека била да купи појадок

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева веќе нема да може да користи делумна слобода и да го напушта затворот во Идризово. Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов за Телма вели дека вчера добиле анонимна дојава дека Јанева не оди на работа во адвокатската канцеларија на нејзиниот син, по што на терен било утврдено дека тоа е вистина.

Пандов додава дека Јанева доколку сака да ја напушти канцеларијата од било кои причини мора претходно за тоа да ја извести Управата.

Лазар Јанев, кој е син на Јанева и нејзин работодавач, за Телма вели дека неговата мајка не била во канцеларијата во моментот кога дошле службеници од Управата за извршување санкции, бидејќи отишла накратко да си купи за јадење. Тој не бил присутен, бидејќи имал работни обврски и притоа, иако имало негов телефонски број на излогот од канцеларијата не бил контактиран од управата.

Јанев тврди дека неговата мајка ги почитува работните обврски и договорот кој го има склучено со затворот во Идризово. Воедно тој вели дека досега не добил никакво барање од управата поврзано со работниот ангажман на Јанева.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Собранието ќе добие безбедносна зона од 1,5 хектар, со воздушна граница од 100 метри во вис и забрана за протести- ќе предизвика и финансиски трошоци за откуп на земјиштето планирано за приватен паркинг

Дејан Дејан

Универзитетски професор со втор министерски обид и поранешен новинар и маркетинг агент- Собранието ги објави биографиите на предлозите за нов министер и заменик министер

Дејан Дејан

„Ѓаволот е во деталите“ потенцира Арсовски – низок изборен праг може да донесе фрагментирано собрание

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе