Uncategorized

ОЈО отвори истрага против седуммина осомничени дилери, еден искршил три полициски коли и избегал

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против седуммина осомничени дилери. Двајца од нив се сомничат за продолжено извршување на кривичното дело, додека еден за помагање. Кај осомничените, на возраст меѓу 28 и 50 години, биле пронајдени кокаин, марихуана и пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од улична продажба на дрога, Информира обвинителството.

За тројца осомничени е предложен притвор, а за уште тројца се бараат мерки за претпазливост.

Еден од осомничените е во бегство и полицијата трага по него. При обидот за апсење, не застанал на издадена наредба за запирање, оштетил три службени возила и избегал. При претресот кај него биле пронајдени поголема сума пари, марихуана, но и лични карти и пасоши кои „муштериите“ ги оставиле во залог, како гаранција дека ќе платат за дрогата.

Акцијата за откривање и апсење на улични дилери на дрога се водела од декември 2023 година.

МВР вчера соопшти дека во акцијата биле уапсени 28 лица, и најави кривични пријави против седуммина од нив.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димески: „Шанса за Центар“ ќе нема проблем за собирање на потребниот број на потписи за кандидарање на независни листи

Дејан Дејан

Ангелов: Нè чека пеколно лето и битка со пожари

Дејан Дејан

Развој на наменска индустрија за да се ќари од зголемените трошоци за одбрана

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе