Вести Македонија Најважни

ДУИ бараат влада на национален спас

Влада на национален спас е најновата идеја на ДУИ во пресрет на изборите. Доколку победи, нивниот претседателски кандидат најавува дека ќе ги свика партиските лидери на средба по која сите би влегле во заедничка влада со цел да се спроведат уставните измени.

Опозициските партии на Албанците не ја прифаќаат идејата на Османи. За нив таа е лицемерна, неискрена и има цел само да ја спаси партијата од пораз.

Идејата за влада на национален спас не е нова. Беше актуелна за време на политичката криза во 2015 година, па потоа во 2020 година за време на здравствената и економската криза, кога ја бараа од ВМРО ДПМНЕ. Во 2021 ја бараше и тогашниот премиер, Зоран Заев, но никогаш не се реализираше.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Народната банка ја задржа основната каматна стапка на 4,25%

Kristina Kuzmanovski

Мицкоски најави можно поевтинување на горивата следната недела

Kristina Kuzmanovski

Водата за пиење повод за меѓупартиски обвинувања

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе