Вести Македонија Најважни

Месец на каравани, митинзи, промоции, ветувања – почна кампањата за претседателските избори на 24 април

На полноќ започна изборната кампања за претседателските избори закажани за 24 април. Кампањата ќе трае до полноќ на 22 април. На првиот ден од кампањата некои од кандидатите најавија промовирање и презентирање на изборната програма и отворање на изборни штабови.

Во Скопје денеска ќе биде промовиран Изборниот штаб на кандидатот за претседател на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски.

Вечерва во 20 часот изборниот караван на Пендаровски ќе има централен митинг во Прилеп. Кандидатот за претседател Пендаровски ќе ги посети општините Кривогаштани и Крушево.

Кандидатот за претседател на државата од Движењето ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски кампањата ја почнува од Крушево каде во 13 часот каде ќе ја презентира програмата под наслов „Манифест за Македонија“.

Претседателскиот кандидат на Левица, пак, Билјана Ванковска, ќе ја презентира изборната програма на прес-конференција.

Во Струмица вечер, Ванковска, заедно со лидерот на Левица и носител на ИЕ 1,  Димитар Апасиев, и носителот на ИЕ 4, Сашко Јанчев ќе се обратат во Домот на културата „Антон Панов“.

Кандидатот за претседател предложен од ДУИ, Бујар Османи изборната кампања ќе ја започне со прес-конференција во 11 часот пред претседателската вила на Водно.

Според жребувањето на ДИК, актуелниот претседател и кандидат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски ќе биде прв на гласачкото ливче за претседателските избори што се закажани на 24 април.

Втора е Гордана Силјановска Давкова кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, трет е Стевчо Јакимовски од ГРОМ. На четвртото место е Бујар Османи од ДУИ, петта е Билјана Ванковска Цветковска од Левица, шести е Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и Европскиот фронт и седми е Максим Димитриевски, кандидат на ЗНАМ.

Вториот круг на претседателските избори ќе се одржи на 8 мај, заедно со единаесетите парламентарни избори од независноста.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Полициската ЕБР го промовираше засилувањето – новите припадници ги прикажаа своите вештини

Дејан Дејан

Извештајот на Вајц за Македонија: Јазикот, културата и идентитетот не треба да бидат доведени во прашање од трети страни при процесот на интеграцијата кон ЕУ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе