Вести Македонија

Џафери: Решението за гласање со истечени лични документи е селективно

Дали важноста на личните документи на 100 илјади граѓани им истекува до 24-ти јули? Дали има и такви граѓани чии пасоши или лични карти на денот на гласањето ќе бидат неважечки повеќе од 9 месеци? Вакви прашања поставува техничкиот премиер Талат Џафери, уверен дека вчерашното решение на Собранието води кон нова селективност. Тој смета дека, доколку се дава можност за гласање со документи со истечена важност, тоа треба да биде општа формулација без прецизирање со месеци.

Вчера, во скратена постапка, без дискусија и за еден ден, Собранието ги донесе измените на Изборниот законик. По предлог на пратеници од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса, се овозможува гласање и на оние граѓани чии документи ја изгубиле важноста 9 месеци пред денот на изборите. Не се прецизира дали станува збор за датумот на претседателските или на парламентарните избори. МВР се сомнева дека станува збор за околу 100 илјади лица со право на глас.

Соња Николовска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ветрот откорна дел од покривот на ООУ „Владо Тасевски“ – оштетени возила, над 1.000 повици на бројот 112

Sasko Dimovski

Десетици лица се повредени на протестите во Болоња, откако маж почина додека бил приведуван од полицијата со употреба на физичка сила

Igor Trajkov

Раководителите на гостиварски „Комуналец“ однесени во Шутка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе