Ракомет Спорт

Еурофарм Пелистер остана на нула во ЛШ: 14 порази на исто толку натпревари

Еурофарм Пелистер ја заврши сезоната во ракометната Лига на шампиони со 14 порази на исто толку натпревари. Македонскиот првак не се прослави ниту вечерва на гостувањето кај Колстад и загуби со 34-27 во рамки на последното коло од групната фаза.

Во дуел на двата тима, кои беа без шанси за прогрес во нокаут рундата Колстад уште еднаш покажа дека нашиот првак е далеку од ракометната елита сезонава. Норвешкиот тим доминираше во најголем дел од натпреварот, а во првото полувреме имаше и предност од седум голови. На полувремето беше 17-13. Пелистер имаше еден добар период во последните десетина минути, кога направи серија од 4-0 за да намали на -3, но домашниот тим брзо одговори. Конечниот резултат гласеше 34-27.

Урош Борзаш беше најефикасен во редовите на Пелистер со 11 голови од 17 удари, а Урбан Лесјак на голот имаше седум одбрани. Кај Колстад, 11 голови имаше Симен Улстад Лисе, а девет пати реализираше Сигвалди Гудјонсон.

Ова беше последна сезона во која македонскиот првак имаше директен пласман во групната фаза во Лигата на шампиони. Клупскиот коефициент сериозно се намали по слабите резултати изминатите неколку сезони, па од осмото место во Европа падна на 13-тото.  Од следната натпреварувачка година тимот што ќе ја освои домашната Суперлига  ќе може да бара вајлд-карта за учество во елитата, но конечната одлука ќе ја има ЕХФ.

Фото: РК Еурофарм Пелистер (Фејсбук)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитриевски награден со нов договор за одличните настапи за Валенсија

Sportska Redakcija

Никс направија „брејк“ против Сан Антонио на стартот на финалето (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Почина легендарниот кошаркарски коментатор Един Авдиќ

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе