Вести Македонија Најважни

Камбовски: На развојот на судството лежи нашата иднина

„На ова сега прашање на развој на судството лежи нашата иднина. Судбината на републиката затоа што ние нема да можеме да чекориме ни еден чекор напред ако не го етаблираме начелото на владеење на правото како основно начело. Не само на државното уредување, туку како стил на живот, како начело кое влегува во сите пори“.

Ова го порача академикот Владо Камбовски, која ја предводеше работната група при Министерството за правда во изготвувањето на Развојна секторска стратегија за правосудството за 2024-2028 година, која денеска беше презентирана. Камбовски е оптимист дека свеста ќе преовлада и дека судството може да парира на извршната власт, па дури да влијае и на законодавната власт во донесување на исправни закони.

Стратегијата се фокусира на пет клучни области. Судството и јавното обвинителство, капацитетите на посебните институции на правосудниот систем, индивидуалните професии и јавни служби, Уставниот суд и кривичната и граѓанска материја.

„За нашата држава оваа развојна стратегија е патоказ за наредните  4 години“, рече Лога.

Добро е кога во јавноста се споделуваат сите факти и аргументи, рече министерот за правда Кренар Лога околу иницијативата за дисциплинска постапка против претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.

„Од една страна имаме работи кои се кажани од претседател на Врховен суд, а кои треба да ги испитува Судски совет и до тука јас не гледам никаков проблем врзан со ова прашање. Понатаму ако имаме индивидуално решавање на предмет за други цели тоа не треба да е дел од праксата ан нашиот систем“, изјави Лога. 

Камбовски пак посочи дека не знае кои се основите за покренување на иницијативата, но го покрена прашањето, кој е врв на судската власт, дали е тоа судскиот совет или врховниот суд, а стратегијата, како што додаде, токму тоа сака да го надмине.

„Изгледа дека таквото пресметување помеѓу овие две институции како да им одговараше и на едната и на другата институција. Ние немавме доволна активност од Врховниот суд  по примената на законите и обезбедување на единство во примената на законите. Му одговараше и на судскиот совет кој главно некако се ориентираше да се форматира себе си како некој контролор на работата на судовите“, рече Камбовски. 

На стратегијата се работело од септември минатата година и во нејзино изготвување биле вклучени сите засегнати страни.

Марија Митевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за полициски службеник кај кого биле пронајдени илјадници евра и злато – тој призна дека сторил проневера во служба

Дејан Дејан

Раст на приходите од патарини во првото полугодие

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе