Обвинителстовото отвори истрага за Стефан Димковски, које е осомничен дека му помогнал на Палевски по извршеното кривично дело и бара судот да му определи притвор.
Според обвинителството, му помогнал на Палевски да не биде открирен за грабнувањето и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, обезбедувајќи му превоз со автомобил.
-Сега осомничениот, по претходна комуникација и договор со сторителот кој се наоѓал во Република Србија, со возило „Ланд Ровер“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице се упатил кон Белград.
Таму се сретнал со сторителот и заедно со возилото се упатиле кон границата на Србија со Бугарија – граничен премин Калотина.
Границата ја поминале на 02.12.2023 година, па движејќи се низ територијата на Р.Бугарија истиот ден пристигнале на границата со Турција, граничен премин Капитан Андреево, и влегле во Турција.
Таму биле заедно до 03.12.2023 година, по што сторителот останал, а сега осомничениот со возилото преку Грција се упатил кон државава каде бил приведен на граничниот премин Стар Дојран“, соопштуваат од ОЈО.
МВР најави кривична за струмичанецот кој го превезе Палевски од Белград до Турција
