Вести Македонија Топ вести

МВР најави кривична за струмичанецот кој го превезе Палевски од Белград до Турција

За Стефан Димковски, кој го превезол Љупчо Палевски Палчо од Белград до Турција, МВР ќе поднесе кривична пријава. Палевски, кој е  осомничен за грабнувањето и убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски беше фатен во турскиот град Баликесир.

Палевски најпрвин во Белград го однел неговиот адвокат,  Васко Стојков кој мислел дека осомничениот имал закажан лекарски преглед. Потоа Димковски, кој сега е во притвор го пренел во Бугарија и оттаму во Турција.  Димковски беше фатен на граничниот премин кај Дојран.

Димковски, според пишувањата во некои медиуми, додека го превезувал Палевски не знаел дека е осомничен  за убиствата и бил искористен од него. Тој на Фејсбук споделил и фотографија од Турција, објавена утрото на 3 декември.

„Согласно сето она што сега го имаме потврдено, ме информираа службите дека ќе се поднесе кривична пријава“, изјави Спасовски.

За адвокатот на Палевски, Стојков кој вчера беше задржан во полициска станица, после поминувањето на 24 часа ќе се донесе одлука што ќе се преземе.

Околу изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека доцна почнала истрагата за исчезнувањето на Вања, министерот Спасовски порача дека тоа е политиканство од најдолен вид и не го оправдува. Доколку Мицкоски има докази да ги предаде, бидејќи во спротивност прави кривично дело. Наместо политиканство, Спасовиски порача- треба да се работи на истрагата и да се проширува, а сите радикални гнезда да бидат разоткриени и уништени.

Поталикс објави видео со дел од движењето на возилата „Цитроен“ и „Рено Кангу“ поврзани со убиството на Вања. Во возилото Циторен кое било искористено во грабнувањата на Вања се гледаат две личности.  Возилото, според камерата со кое е снимено видеото, било запалено во 9:37 часот и чадот, според порталот е од местото каде е пронајден опожарениот Цитроен.

Спасовски уште еднаш потврди дека времето на смртта на Вања е 10 часот, но дефинитивниот одговор ќе го даде обдукцијата на телото.

Во меѓувреме во медиумите осамна и изјава од мајката на Вања, Зорица, која порача дека не знае зошто нејзината ќерка е убиена и го чека епилогот. Со поранешниот сопруг била во добри односи поради децата и не знае дали имал некакви долгови.

МВР претходно поднесе и кривична пријава за случајот. Четворица се осомничени за грабнување и убиства на Ѓорчевска и Жежовски. Таткото на Вања, Александар е осомничен за помагање при извршување на кривичното дело – Грабнување на малолетно лице. На нив претходно им беше изречен притвор од 30 дена.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир до Сиљановска-Давкова: Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата, Вархеј очекува забрзување на реформите

Дејан Дејан

Еурактив: Се чини дека Северна Македонија ќе биде во судир со Грција и со Бугарија

Дејан Дејан

Најдоцна 20 дена по одржаните избори Собрание се состанува на конститутивна седница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе