Вести Македонија Најважни

Обвинителството бара притвор за Стефан Димковски, које е осомничен дека му помогнал на Палевски во бегството

Обвинителстовото отвори истрага за Стефан Димковски, које е осомничен дека му помогнал на Палевски по извршеното кривично дело и бара судот да му определи притвор.

Според обвинителството, му помогнал на Палевски да не биде открирен за грабнувањето и убиствата  на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, обезбедувајќи му превоз со автомобил.

-Сега осомничениот, по претходна комуникација и договор со сторителот кој се наоѓал во Република Србија, со возило „Ланд Ровер“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице се упатил кон Белград.

Таму се сретнал со сторителот и заедно со возилото се упатиле кон границата на Србија со Бугарија – граничен премин Калотина.

Границата ја поминале на 02.12.2023 година, па движејќи се низ територијата на Р.Бугарија истиот ден пристигнале на границата со Турција, граничен премин Капитан Андреево, и влегле во Турција.

Таму биле заедно до 03.12.2023 година, по што сторителот останал, а сега осомничениот со возилото преку Грција се упатил кон државава каде бил приведен на граничниот премин Стар Дојран“, соопштуваат од ОЈО.

МВР најави кривична за струмичанецот кој го превезе Палевски од Белград до Турција

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе