Вести Македонија

„Обесправени се бориме за туѓите права“ – службениците од Народниот правобранител влегоа во протест

Се борат за еднаквост и заштита на правата на граѓаните, ги контролираат институциите – но, своите права ги бараат на протест.

Вработените во канцеларијата на Народниот правобрнител велат – „не сме еднакви со другите вработени во јавниот сектор“.

Бараат повисоки плати и нова законска рамка. Ова го правдаат со големите надлежности кои ги имаат секојдневно, работејќи со класифицирани податоци, со личните податоци на граѓаните, а особено оние на најранливите групи, како и извршувањето увиди во институции од секаков тип.

„Што поскоро е потребно ново законско решение со кое вработените во Народниот правобранител нема да бидат во кругот на вработени опфатени со Законот за административни службеници, туку ќе бидат самостојни и независни. Без одлагање да се зголемат платите на вработените во канцеларијата на Народниот правобранител затоа што нашите месечни примања во моментот многу заостануваат зад платите на останатите независни и регулаторни тела, како и платите на вработените во администрацијата воопшто“ вели Марјан Поњавиќ, претседател на Синдикалната организација на Народниот правобранител.

Со години се чека посебниот закон за службата ама надлежните го игнорираат проблемот. Ова е ставот на синдикатите.

Службениците во Народен правобранител треба да се на исто рамниште со судиите во основните судови, дециден е претседателот на УПОЗ, Деаноски.

„Тие извршуваат работни задачи по претставки на граѓаните и на вработените во јавниот сектор, ги чуваат нивните права и ги заштитуваат нивните интереси. Нивните решенија и одлуки се користат во судските постапки. И затоа не е логично сите вработени коишто се зад нас да бидат врзани во Законот за административни службеници. Нивната работа не е административна и не може да бидат опфатени со тој закон“ дополнува претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски.

Протестот е предвидено да трае пет работни дена односно до 27 ноември. Доколку нема никаков ефект, вработените од канцеларијата на Народниот правобранител најавуваат порадикални чекори за да го подобрат својот статус во државата.

Синдикалната организација најавува присуство и на протестот во петок пред Собранието. Истиот го организира Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фрлен отпушок од автомобил причина за пожарот кај Блаце?

Дејан Дејан

Продолжува топлотниот бран, денеска до 41 степен

Дејан Дејан

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе