Вести Македонија Најважни

Злоупотреби на ЕУ знаменцето, зголемени случаи на висока корупција – евроамбасадорот Гир со дел од забелешките во извештајот на ЕК за напредокот на Македонија

Загриженост во врска со политичката поларизација, посебно во делот на реформите, прекумерна, а некогаш и непотребна употреба на ЕУ знаменцето, не е забележан напредок во делот на владеење на правото. Ова се дел од забелешките што ги изнесе евроамбасадорот Дејвид Гир на денешната прес-конференција по вчерашното објавување на извештајот на Европската комисија (ЕК) за напредокот на македонските евроинтегративни процеси.

„Има злоупотреба на ЕУ знаменцето за Кривичниот законик и за законите за коридорите 8 и 10д. Во делот на владеење на правото не е забележан напредок. Се забележува недостиг од доверба кон судиите, но и разрешувањето на експретседателката на судскиот совет. Повикуваме да се усвојат препораките, а потсетуваме и на препораките од претходните години кои не беа имплементирани“, рече Гир кој оцени извештајот на ЕК како правичен и искрен.

Според него, не е забележан никаков напредок во борбата со корупцијата, но и зголемена корупција на високо ниво.

„Не е забележан напредок во борба со корупција, а истовремено забележуваме зголемување на случаите на корупција на високо ниво. Резултат на тоа е застарување на делата, што, исто така, предизвикува голема загриженост“, нагласи евроамбасадорот.

Гир нотира оти во извештајот е пофалена работата на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), како и на Државниот завод за ревизија (ДЗР). Истакна дека е забележан ограничен напредок во реформите во јавната администрација, а ги наведе и лошите услови во затворите, особено во најголемиот во земјава – „Идризово“.

„На сите ни е јасно дека проширувањето е наш заеднички интерес. Сакаме Македонија да ја искористи оваа динамика. Извештајот доаѓа со можности. Сакаме Македонија да ја искористи оваа можност. Извештајот е на 120 страници и е многу сеопфатен. Севкупно, извештајот во врска со политичките критериуми, ја поддржува државата да продолжи“, изјави Гир.

Односите со Бугарија, потенцира тој, се исклучиво во рацете на Македонија“. Извештајот забележува сериозна загриженост и за антиродовите кампањи, а Гир апелира да се вложат напори за промоција на недискриминацијата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алмир Даути е нов в.д. директор на гостиварски „Комуналец“

Sonja Petrusevska

Претседателот на Стоматолошкото друштво на Албанците осомничен за примање награда за да ѝ положи испит на уапсена во истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Гостиварски „Комуналец“ ја префрла вината на ЈПДП за нереализираниот проект за водоводот – проблем биле 16.000 денари

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе