Судија со секс скандал на чело на Граѓански – Членовите на судски совет беа единствени во изборот на единствениот кандидат за претседател, Бесник Авдија. Силно во негова одбрана, уште посилно против снимката со секс-скандалот во судска канцеларија – Неговата колешка од граѓански, Антоанета Димовска ја погледнала, но не видела простор за дисциплинска.
- Лично гледајќи ја снимката не можам да кажам дека тоа би било некоја пречка, а не се повела некоја постапка во која подетално тоа би се испитувало, дали тоа е некаква дисциплинска повредеа…Непримерно е да се доставува ден пред изборот, мислам дека е тенденциозно.“, изјави Антоанета Димовска, член на Судски совет.
На иста линија и останатите судии – исти аргументи за поддршка, со единствена разлика во начинот на формулација на речениците. Без трошка критика за контроврзното видео напревено во судски простории, но со честитки што прифатил да го води судот. За да ја заслужи нивната поддршка, доволно било тоа што Авдија го поминал тестот за интегритет.
Секс-снимката во јавоста се појави во 2019та и се`уште стои на јутјуб. Ден пред изборот на Авдија за прв човеч на Граѓански, контроверзното видео повторно било испратено до членовите на судски совет, но ниту еден од нив не виде аргумент кој би го оспорил изборот на единствениот кандидат за претседател на Основниот граѓански суд во Скопје.
Весна Јовановска Дојчиновска
