Вести Македонија Најважни

Нема прогрес во правосудството, брзите измени на КЗ од пратениците се пречка за гонење корупција- извештај на ЕК за напредокот на земјава

Нема прогрес во правосудството оценува ЕК. Судскиот совет треба да се стреми да го штити интегритетот  и независноста на судиите и да се спротвиставува  на надворешни влијанија. Во извештајот  детално се наотирани случувањата во судскиот совет од оставката на Павлина Црвенковска.

Лани преку разрешувањето на нејзината наследничка. Оставките на другите двајца членови кои следуваа обидот за отстранување на камерите до ставот на судиите кон судскиот совет изразен во анкетатата на ОБСЕ

Контроверзно разршеувањето на екс претседатлеката на советот Весна Дамева ги покрена загриженоста за непотребно политичко влијание , пишува во извештајот во кој е цитирано и дека усвојувањето на новата стратегија за реформа во судскиот систем доцни.

-Во ноември 2022 година, претседателот на Судскиот совет поднесе оставка во знак на протест против наводните обиди за несоодветно влијание од судството и бизнис заедницата. Новиот претседател, кој ја презеде функцијата во декември 2022 година, беше деградиран во април 2023 година преку контроверзна процедура, покренувајќи прашања за почитување на законите и процедурите- се вели во извештајот на ЕК.

Нема прогрес ниту во борбата со корупцијата. Земјата е меѓу одредено и умерено ниво на подготовка во превенцијата и борбата против корупцијата оценува ЕК. Корупцијата останува распространета во многу свери и е прашање за загриженост.

Во извештајот се консттира и дека се одложувањата и повторувањата на судењата за случаите на корупција на високо ниво, што резултираше со застарување во некои случаи на предметите од висока корупција. Во делот за борбата со корупција се нотирани и измените на кЗ

-Кривичниот законик е изменет по забрзана собраниска постапка. Максималните законски казни за конкретни кривични дела поврзани со корупција беа намалени, што имаше импликации врз примената на застареноста и влијаеше, стопираше, па дури и ги затвори, голем број случаи на корупција на високо ниво, вклучително и предмети од  поранешното Специјално јавно обвинителство.  Амандманите, исто така, ја попречуваат способноста на властите да ги истражуваат и гонат таквите прекршоци. Ова е прашање на сериозна загриженост-се вели во извештајот на ЕК.

Препораките од минатата година не се целосно исполнети и остануваат валидни, пишува во извештајот.

ЕУ препорачува:

  • подобрување на имплементацијата на стратегијата спречување на корупцијата, особено од аспект на конфликт на интереси и правилно спроведување на препораките на ГРЕКО;
  • да обезбеди  доволно човечки и финансиски ресурси, вклучително и финансиски експерти, за Канцеларијата на Основниот јавен обвинител за организиран криминал и корупција за да се обезбеди ефективна одговорност во случаите на високо ниво на корупцијата ;
  • да го подобри своето досие во случаите на корупција на високо ниво – со навремени, професионални и транспарентни проактивни истраги, гонење, правосилни пресуди и наплата, вклучително и конфискација на криминално стекнати средства, проширена конфискација и и конфискација од трети страни.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алмир Даути е нов в.д. директор на гостиварски „Комуналец“

Sonja Petrusevska

Претседателот на Стоматолошкото друштво на Албанците осомничен за примање награда за да ѝ положи испит на уапсена во истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Гостиварски „Комуналец“ ја префрла вината на ЈПДП за нереализираниот проект за водоводот – проблем биле 16.000 денари

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе