Вести Македонија Најважни

Финансиска полиција земала документи од Државна Лотарија во рамки на истрага за изнајмување на објекти кои пред 15 дена ги купил Јахоски од Пуцко Петрол, дознава Телма

Агенти на финаниската полиција во рамки на истрага од Државна Лотарија презеле документи за да утврдат дали има неправилности при изнајмување на објекти од страна на државната компанија, дознава Телма.

Од финансиска полиција без многу детали потврдија дека во рамките на нивните активности се преземени определени документи.

Државна Лотарија има склучувано повеќе договори за изнајмување на простории, а според истражувањата на Слободна Европа и Фокус, изнајмувачите се поврзани односно имаат релации со претставници на ДУИ.

Директорот на Државна Лотарија Перпарим Бајрами според опозицијата е поранешен шеф на кабинет на вицепремиерот Артан Груби. Но Груби реагираше по објавувањето на информацијата и тврди дека (Бајрами) никогаш не работел во неговиот кабинет ниту како асистент, а најмалку како шеф на неговиот кабинет.

Перпарим Бајрами во име на државната компанија „Лотарија” ги потпишувал изнајмувањата на спорните објекти.

Фирмата “Хеј” која всушност склучила договор за да изнајми поранешна сала за свадби во Визбегово на Државна Лотарија од 17-ти октомври ја сменила сопственичката структура, односно нов сопственик на фирмата станал Асмир Јахоски, кој е и сопственик на Пуцко Петрол и син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски.

Извори од финансиската полиција не ги коментираа наводите дека син на пратеник на ДУИ станал сопственик на фирма со објект изнајмен на Државна Лотарија управувана од директор поставен од ДУИ и близок соработник на вицепремиерот Артан Груби.

Спорната фирма со голема зделка со Лотарија всушност е формирана во февруари оваа година и тогаш седиштето се наоѓало во зградата на Партизанска, во која покрај Асмир Јахоски, фирми  имал и зетот на Али Ахмети.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дел од екипажот со вртоглавица и гадење, бил пријавен необичен мирис – авион на „Американ Ерлајнс“ принудно слета во Даблин

Sonja Petrusevska

(Видео) Стоиљковиќ: „КУД Српски вез“ осамна со натписи УЧК, државата сторителот најстрого да го снакционира

Kristina Kuzmanovski

Гостивар нека биде за памет, со здравјето и безбедноста на граѓаните нема играње – Тошковски со порака до одговорните во општините и директорите на јавни претпријатија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе