Балкан Вести Свет Топ вести

(видео)Меѓу напаѓачите на Косово има различни инструктори на специјалните единици, но и Руси, вели аналитичарот Агим Муслиу

Аналитичарите причините за судирот на Косово ги гледаат во руско-српската хибридна војна на Балканот. Еве што рече Агим Муслиу, директор на институтите ОКТОПОД за студии за хибридна војна од Приштина.

„Целта беше да предизвика хаос, да убиваат аџии и свештеници и повторно да се претстав Косово како убиец на српската заедница. А оваа група ќе се претстават како нивни бранители, а потоа ќе создадат други одбранбени механизми кои би им помогнале во меѓувреме, како декларираните терористички организации „Северна бригада“ и други терористички организации и тоа со цел да се создаде нов кризен центар на Балканот кој во Европа и на преговарачката маса ќе биде претставен како предност за Србија и за Вучиќ“, оценува Агим Муслиу, директор на институтите ОКТОПОД за студии за хибридна војна на Косово.

  • Меѓу напаѓачите можете да најдете различни инструктори на специјалните единици, но и Руси кои се вклучени во сите овие операции, бидејќи од минатото знаеме дека овие групи соработуваат меѓу себе. И во последната војна на Балканот и на Косово имаше соработка меѓу руските и српските паравоени сили, дури сега во Украина, а на Косово во ноември минатата година, членовите на Вагнер беа идентификувани на барикадите на северот на Косово. Можно е во нападите вчера да биле вмешани и некои Руси, бидејќи во анализата на вчерашните аудио снимки што ги направивме во институтот „Октопод“ во соработка со стручњаци за руски јазик, дојдовме до заклучок дека меѓу напаѓачите имало и Руси кои зборуваат руски јазик, открива Муслиу.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД и Саудиска Арабија потпишаа економски договор кој опфаќа енергетска и судска соработка

Дејан Дејан

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови на кумановци

Дејан Дејан

Кој профитира, а кој губи од „раситнувањето“ на владината коалиција – Меџити го обвинува Таравари за предавство на промената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе