Останато Спорт

Ингебригтсен го сруши светскиот рекорд на 2.000 метри

Норвешкиот атлетичар Јакок Ингебригтсен постави најдобро светски време во дисциплината 2.000 метри на митингот од Дијамантската лига одржан синоќа во Брисел, Белгија.

Светскиот шампион на 5.000 метри и олимпискиот првак на 1.500 метри додаде уште еден успех во својата колекција со тоа што го сруши светскиот рекорд на 2.000 метри. Тој истрча со време од 4 минути, 43 секунди и 13 стотинки и го подобри претохдниот рекорд за 1,5 секунда поставен во 1999 година од Мароканецот Хишам ел Геруж.

Ингебригтсен изјави дека не било тешко да се сруши овој рекорд, бидејќи бил добро подготвен. Иако ја загуби светската титула на 1.500 метри во Будимпешта, сега Норвежанецот оди во Јуџин на последниот митинг во Дијамантската лига да ја одбрани титулата во оваа конкуренција и уште еднаш да се зацементира на светскиот атлетски врв на средни дистанци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФФМ не попушта пред Шкендија: Уцените нема да влијаат врз одлуките

Sportska Redakcija

Одбојкарите вечерва против Холандија ја почнуваат Европската лига

Sportska Redakcija

Славески со нова победа во БКФЦ: Македонецот повторно во игра за појасот (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе