Останато Спорт

Во продажба се пуштаат 1,5 милиони влезници за ЛОИ 2024

Домаќинот на Летните олимписки игри кои следната година ќе се одржат во Париз соопшти дека од утре почнува продажбата на вториот контингент на билети за следење на натпреваувањата.

Во вториот круг во оптек ќе се пуштат 1,5 милиони влезници, а до овој момент преку системот за продажба стигнати се околу четири милиони барања. Во овој сегмент се продаваат и билети за церемонијата на свеченото отворање чија цена се движи од 90 до 2700 евра, а може да се купат и влезници за финални натпревари во повеќе спортови.

Во првите два контигенти се очекува да се продадат вкупно 3,25 милиони влезници од кои 13 проценти се по цена од 24 евра, 70 отсто за сума од 100, а останатите ќе плаќаат околу 200 евра.

Се најавува дека 10 проценти од билетите ќе ги купи француската влада кои ќе ги подели на луѓе со инвалидитет, ученици и волонтери, а се очекува вкупно да се продадат меѓу осум и 10 милиони билети, а вкупниот приход да изнесува 1,4 милијарди евра.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија досега три пати победила со +8 во бараж за СП, а еднаш и поубедливо

Desk

Јокиќ МВП по трет пат во НБА лигата

Дејан Дејан

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе