Вести Најважни Свет

Белград ден по масакрот, гробна тишина пред училиштето на Врачар – цвеќе, играчки и свеќи за вечен спомен на убиените деца

Додека стручната јавност дебатира дали ваквов грозоморен настан можел да биде превениран, роднините на убиените деца и учениците од другите училишта во Белград се собраа пред основното училиште Владислав Рибникар да им оддадат почит на жртвите. Стотици роднини, другарчиња и граѓани положуваат цвеќе, играчки и палат свеќи, пред училиштето, околу кое сега владее тишина. Вчерашното убиство на 8 ученици од страна на нивниот 13 годишен соученик е трагедија од која Белград нема брзо да се опорави.

Луѓето не зборуваат, од никаде не се слуша музика, нема ниту толку сообраќаен метеж во градот, едноставно сите занемеа после оваа голема трагедија.“, изјави Иван Младеновиќ – жител на Белград

Време да се опорави од оваа трагедија ќе биде потребно на цела Србија, иако не е мал бројот на тие кои сметаат дека случувањето на ваква трагедија било само прашање на време.

  • Трагедија. Јас се чувствувам виновен, мислам дека сите се виновни, дека секој од нас има дел од одговорноста затоа што дозволивме некои работи кои не трбаше да ги дозволиме.
  • Искрено, не сум изненаден. Спроед мене, буквално, беше прашање на денот кога нешто вакво ќе се случи, со оглед на сѐ што се случува во светот и кај нас. Воопшто не сум изненаден.“

Полицијата соопшти детали од телефонскиот разговор помеѓу седмооделенецот кој пукаше во училиштето и полицискиот службеник, кога го пријавил настанот во полиција рекол дека пукал во луѓе во училиштето, но и дека по завршувањето на крвавиот поход го зафатил страв и паника, и решил дека било правилно да се јави во полиција и да го пријави настанот. Детето рекло дека било игнорирано од општеството, било исфрлено од комуникацијата и интеракција, од сè што едно дете можело да има, и дека тоа го навело да го стори тоа.

  • Ова е трагедија за целата нација, не само за семејствата. Дефинитивно тоа е пораз на целото ова општество.“

Полицијата сѐ уште не може да потврди дали 13 годишникот бил свесен дека според законот не може кривично да одговара поради возраста. Крајно вознемирувачки е сознанието дека цел месец го планирал крвавиот поход во училиштето, разработувајќи многу планови, правејќи скици на училниците и список со имиња на деца кои требало да ги ликвидира.

Поради тоа синоќа српскиот претседател Александар Вучиќ предложи 10 мерки за спречување на вакви настани во иднина, за засилена контрола на легалното оружје, неговите сопственици, начинот како го чуваат, стрелиштата и пристапот на малолетници до нив, но и намалување на старосната граница за кривична одговорност.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерството за здравство ќе го преземе водството за Кочани – најави нов центар за млади и вработувања во болниците

Дејан Дејан

Судирот меѓу Израел и Иран води кон астрономски скок на цената на нафтата – драма на светските пазари

Дејан Дејан

ССМ пресмета поскап живот, Владата анализира дали треба мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе