Вести Најважни Свет

Масовно убиство во основно училиште во Белград – седмоодделенец уби осум лица

Масовно убиство во основно училиште утрово во Белград. Осум лица се убиени, меѓу кои и деца, кога седмоодделенец утрово упаднал на час по историја во основно училиште во белградската Општина Врачар и почнал да пука во соученици, потврди Министерството за внатрешни работи на Србија.  Меѓу загинатите се и учителка, како и член на училиштното обезбедување кој во тој моментот на пукање притрчал да ги заштити децата.

Три деца се хоспитализирани од кои едно е во критична состојба. Според неофицијални информации, повеќе од 10 деца се превезени во Ургентниот центар во Белград.

Српските медиуми јавуваат дека 14-годишното момче побегнало по пукање, но набрзо потоа било уапсено од полицијата. Крвавиот пир го изведол со пиштол на неговиот татко.

„Трагедијата веројатно би била многу поголема, доколку тој членот на обезбедувањето, не застанал пред момчето кое пукаше“, изјави Милан Недељковиќ, претседател на Општина Врачар.  

Пред училиштето се бројни екипи на итната медицинска помош, како и полиција и во тек  е згрижување на учениците. Полицијата го затвори приодот кон училиштето и ги пропушта само родители да ги изведат своите деца.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милион евра по минута за Самитот на НАТО во Хаг

Дејан Дејан

Путин бара Украина да прифати руски услови за мир, Зеленски тврди дека Русија избира убивање

Дејан Дејан

Зголемена стапката на морталитет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе