Српските медиуми го објавија идентитетот на 14 годишното момче кое го изврши масовното убиство во училиштетот „Владислав Рибникар“ на Врачар, каде усмрти најмалку 6 лица а повеќемина се повредени.
Според информациите од евиденцијата на училиштето, Коста Кецмановиќ, биле одличен ученик од 7-мо одделение кој учествувал и на многу училишни натпревари. Повеќе пати го претставувал училиштето во натпревари по математика и добивал и пофалници за своето знаење.
Минатата година, тој го освоил и третото место на општинско натпреварување по историја.
Токму наставничката по овој предмет, била меѓу првите негови жртви, откако околу 8 часот наутро влегол во училницата каде таа ја држела наставата и со пиштол пукал кон неа а потоа и учениците.
Најмалку 6 убиени во училиште во Белград – меѓу жртвите и деца