Вести Македонија Најважни

Државниот испитен центар во штрајк веќе втора недела, државната матура неизвесна

Веќе втора недела стопирани се сите процеси во надлежност на Државниот испитен центар. Во неизвесност се 15.620 средношколци. Дали ваквата ситуација поради штрајкот на вработените во ДИЦ се поизвесно ја става државната матура под знак прашање.

„Јас не го знам интерниот правилник или календар за организација на Државниот испитен центар, меѓутоа факт е дека првиот екстерен испит е закажан за 27 мај , односно уште три седмици од одржувањето на првиот екстерен испит, така што ако штрајкот продолжи во поголем временски период може да се доведе под знак прашање целиот процес на одржување на државната матура. Меѓутоа сметам дека до тоа не треба да дојде и нема да дојде, вели претседателот на сојузот на средношколци“, изјави Лука Павиќевиќ.

Сојузот на средношколци со јавен апел до институциите, пред се до Министерството за финансии да ги прифатат барањата на Државниот испитен центар.

„Мене лично не ми е јасно зошто се создаде проблем од ова прашање кога станува збор за не повеќе од триесетина луѓе вработени во ДИЦ кои не бараат ништо повеќе само да им се изедначат платите со зголемување на минималната плата што беше изминатиов период направено. Не ми е јасно зошто Министерството за финансии не ги прифаќа нивните барања кога веќе енермно се зголемија платите на функционерите“, додава Павиќевиќ.

Вработените во ДИЦ реагираат дека  и покрај тоа што правото на регрес им е предвидено во поединечниот колективен договор, веќе трета година Министерството за финансии само усно одговара дека не се на списокот на институции кои имаат право на регрес.

Според Министерството за финансии интенцијата на Владата е трудот на вработените во јавната администрација  преку платата да биде валоризиран преку воедначено, системско решение кое е фискално одржливо на долг рок и ќе се темели на прецизно дефинирани критериуми.  Веќе се преземаат активности и се работи на нов Закон за административни службеници и на подготовка на Општ колективен договор за јавнот сектор, за кој веќе се разговара со социјалните партнери во рамки на Економско социјалниот совет,стои во дописот на Министерството за финансии.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе