Вести Македонија Најважни

Судскиот совет ја одложи седницата на која требаше да се избира новиот претседател

Судскиот совет денеска повторно ја одложи седницата на која требаше да се избере нов претседател по разрешувањето на досегашната претседателка Весна Дамева. Кога ќе се одржи седницата од Судски совет не соопштија, а како образложение додадоа само дека ќе се обидат сами одвнатре да ги решат несогласувањата, како што ги повикале од Врховен. Разрешувањето на Дамева и изборот на нов претседател се главните отворени прашања за кои има длабоки поделби. Неофицијално, во Судскиот совет сѐ уште нема мнозинство од 8 гласови за избор на нов претседател. Наместо седница, тие денеска ќе одржат колегиум.

Дамева беше разрешена во средата, во тензична атмосфера и според мислење на експерти, во незаконска постапка.  Нејзиното разрешување го иницира заменикот Селим Адеми, предлог кој по неколку часа тензии и расправии, доби поддршка од 7 од 13 члена на Советот.

Првично беше најавено дека наследникот на Дамева ќе биде избран ден по нејзиното разрешување, но заменик-претседателот на Советот Адеми во четвртокот побара одлагање на изборот за неколку дена, поради, како што рече, важноста на прашањето како што е избор на нов претседател, за кое би било добро присуство на сите 13 членови.

За разрешувањето на Дамева, но и за општата состојба во судството, реагираа и претседателот Стево Пендаровски, Министерството за правда, пратеници во Собранието, ДКСК, како и правни експерти. Разрешувањето на Дамева за експертите во правосудството претствува непочитување на процедурата и Деловникот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе