Вести Македонија Најважни

„Луфтханза“ влегува на македонскиот пазар, 10 пати неделно ќе опслужува авиолинија Франкфурт-Скопје-Франкфурт

Со слетување на првиот авион на „Луфтханза“ на скопскиот аеродром, денеска ќе биде означен стартот на новата авиолинија Франкфурт – Скопје и влезот на германската авиокомпанија на македонскиот пазар.

На Меѓународниот aеродром Скопје, првиот авион од Франкфурт ќе го пречекаат министерот за транспорт и врски Благој Боварски, германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак и регионалниот директор на групацијата „Луфтханза“, Петер Пулем.

Новата авиолинија од Скопје до Франкфурт се реализира со субвенции од Владата. „Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт од 23 април, десет пати неделно.

Преку Франкфурт, патниците од земјава ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200 дестинации во повеќе држави во Европа и светот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Руската Дума го изгласа Мишустин за премиер

Дејан Дејан

Телма дознава: За 30-тина избирачки места во 5-тата изборна единица ќе има приговори од коалицијата на СДСМ и ЛДП

Дејан Дејан

Милијарда евра со ниска камата од странска влада- од каде е финансискиот пакет кој го најавува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе