Вести Македонија Најважни

Детските инфекции во подем, а клучните антибиотици ги нема

Од аптека во аптека, од град во град  родителите во потрага по последните залихи на антибиотиците Aмоксиклав и Oспен за деца. Помош се бара и од социјалните мрежи каде најбрзо се добиваат информации каде останало некое шише од овие сирупи. Матичните доктори велат пациентите се снаоѓаат, но некогаш мора да сменат антибиотик.

Овие антибиоци ги нема повеќе од еден месец, но според лекарите проблемот дошол до израз последните некоку недели со променливо време и зголемен број на ресипиратони инфекции кај децата.

Од аптеките креваат рaце кога повторно на рафтовите ќе се вратат најбараните антибиотици. Од Агенцијата за лекови МАЛМЕД смируваат дека тоа ќе биде наскоро

Таблетарните форми на антибиотиците Амоксиклав, Коалмацин и Панклав, кои имаат ист состав, се наоѓаат во промет во аптеките во земјава. Во моментот има недостаток на суспензијата за деца, но МАЛМЕД веќе има одобрена увозна дозвола за суспензијата Амоксиклав и се очекува лекот да го има во аптеките следната недела. Во најскоро време треба да ги има и Панклав и Коалмацин за деца. МАЛМЕД, во соработка со сите веледрогерии максимално се залага да се обезбедат сите лекови со цел задоволување на потребите на пациентите, соопштија од малмед.

Ова не е прв пат родителите во грч да бараат лекови за болните деца низ државата и надвор од неа. Пред неколку месеци сличен проблем имаше и со инхалаторната терапија за воспаленија на дишни патишта и асма кај децата.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе