Вести Македонија Најважни

Велигденска литургија во црквите на МПЦ-ОА

Во сите православни храмови во земјава утрово се одржуваат воскресенски литургии по повод најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје од утринава има голем број верници, а со литургијата чиноначалствува поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан.

Воскресението Христово беше објавено на полноќ со биење на камбаните во сите храмови на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија.

-Годинашниов Велигден, за првпат по забранувањето на дејноста на Охридската Архиепископија во 1767 година, го прославуваме во радоста на единството со сите останати помесни Православни Цркви. Му благодариме на воскреснатиот Христос Бог поради тоа, и просиме Неговата благодат богато да се излева врз православниот македонски народ, но и врз сите што живеат на просторите на нашата Македонија, и да нè сочува од разните поделби и непријателства. Единството во Православието и признавањето на нашиот автокефален статус нека ни бидат поттик за градење и за чување на нашето духовно и национално единство, порача во своето Велигденска честитка до верниците, поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Годинава, за првпат директно од Ерусалим беше донесен и светиот Благодатниот оган од Базиликата на Светиот Гроб во Ерусалим.

Благодатниот оган, во фенер, на скопскиот аеродром го изнесе делегатот на Светиот архиерејски Синод на МПЦ-ОА,  митрополитот Тетовски-гостиварски, г. Јосиф по што од него свеќи запалија присутните претставници на владината и на црковната делегација, кои ја пречекаа делегацијата од Ерусалим.

-Честитајќи го Велигден, најрадосниот христијански празник, на сите чеда на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија во Татковината и насекаде по светот, молитвено им посакуваме силата на Христовото воскресение да дејствува во сите нас, па од сето срце и од сета душа, заедно со сите наши православни браќа и сестри, да му објавиме на сиот свет: Христос воскресе! – наведе во Велигденското обраќање архиепископот г.г. Стефан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„ Кимоно инспирации“ од влијанието на јапонската култура и традиција врз уметникот Благој Мицевски

Дејан Дејан

Трипати Мицкоски, еднаш Ковачевски, ниту еднаш Ахмети- кој беше споменат во говорот на новиот претседател Силјановска

Дејан Дејан

Едно лице загина, многумина се повредени при удар на зграда во јужна Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе