Вести Најважни Свет

Различни толкувања за вчерашниот епилог од разговорите на Белград и Приштина во Охрид

Меѓу над 200 новинари и медиумски работници акредитирани за следење на охридскиот состанок на Дијалогот Белград-Приштина под покровителство на ЕУ беше и Идро Сефери. Албанец од Косово кој живее и работи во Белград. Виде голем чекор кон решение за најгорливото балканско прашање.

– Секако дека слушнавме некои конструктивни ставови сепак, дека двете страни ќе седнат да разговараат за имплементација на договорот. Чудно е што нема потпишување, но верувам дека ЕУ ќе најде некое решение тоа да биде правно обврзувачко. Може не на иста хартија, туку на два листа, но тоа ќе го видиме. Го следам 16 години овој дијалог, јас сум Албанец од Косово, но живеам во Белград, но досега немам чуено двете страни да кажат дека мора да се случи нешто позитивно и да тргнат понатаму. Секако секоја страна треба да и објасни на својата јавност како стигнале до договор. И да се оправдуваат дека по нешто изгубиле, вели новинарот Идро Сефери.

Додека ја земавме изјавата од Сефери, на веб сајтот на Европската Унија веќе се појави целосниот текст на договорениот Анекс за имплементација кој го дополнува Документот за нормализација меѓу Србија и Косово. Претходно шефот на европската дипломатија Жозе Борел објсани дека  Косово ќе мора веднаш да почне со формирање на заедница на српските општини сега со нова ублажена дефиниција по бирократскиот речник на ЕУ. Србија пак ќе мора да работи на проблемот со исчезнатите во косовската војна од 1999-та иако на тоа поле соработката на двете страни е единствена за која има и функционална комисија и заеднички активности. Додека не се исполни  договореното, а непотпишано, Брисел преку Борел најави дека двете страни нема да добијат ни евро од финансиските средства кои многу скоро ќе почнат да се собираат на донаторски конференции и за Србија и за Косово, заедно.

– И ние како ЕУ, ние силно и посветено да се исполнат обврските затоа што сега се дел и ќе бидат дел од патот кон Европската Унија. И неисполнувањето на обврските ќе донесе последици, порача високиот претставник за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел

Пораките на Борел по средбата предизвикаа малку поинакви објаснувања од двајцата главни преговарачи особено за она за што се на тапет во сопствените држави.

– Не можете да бирате што ви се допаѓа. Да земете она што Ви се допаѓа, а да не земете она што не Ви се допаѓа. Тоа е потпишан документ. Не може да дојдете кај мене, ама ти не прифати и не потпиша. Па затоа што не потпишувам затоа не мора да го исполнам. А вие потпишавте и затоа мора да исполните, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

 

– Тој договор што е потпишан од поранешните косовски премиери не е за Заедница на српски општини туку за општини со мнозинско српско население.Во Косово не постојат општини по национална припадност. Општините припаѓаат на граѓаните, порача косовскиот премиер Албин Курти.

 

– Мислам дека тука се случи она што го кажа Борел. А Вучиќ и Курти прикажуваа по малку балкански. Секако имаат различни интерпретации, вели новинарот Идро Сефери.

Двајцата лидери претпладнево повторно се дообјаснуваа, Курти преку Твитер кога порача дека Вучиќ повторно избегнал да потпише документ, па ЕУ ќе мора да најде механизам да го направи договорот и правно и меѓународно обврзувачки. Вучиќ пак одржа нова прес конференција која траеше 67 минути на која се пофали дека го издржал вчерашниот охридски преговрачки маратон затоа што бил поиздржлив од соговорниците. Не го потпишал договорот затоа што Косово не е признаена држава рече Вучиќ, но потврди дека сега е обврзувачки на европскиот пат за Србија.

– Што се смени тука за нас. Па не многу тоа. Освен од тоа што знаеме дека од она што ќе сработиме и по ова прашање зависи нашиот европски пат. Кој сака утре, а не мислам дека нашиот европски пат да го завршиме за 3,4 години колку ќе бидам претседател. Кој сака утре може да каже дека не е заинтересиран за европскиот пат. Јас сум заинтересиран, вели Вучиќ.

Многумина дојдоа во Охрид, некој како домаќин и претставник на Македонија, а некој иако не на преговарачката маса имаше големо влијание на целиот процес. Ги прогласија Вучиќ и Курти за визонери кои го спасуваат балканскиот мир и просперитет.

– Исто така сакам да кажам дека го ценам големиот труд на нашите европски колеги и достигнување на овој визионерски момент. Можам да Ви кажам денес дека САД ветува дека ќе помогне на имплементацијата и договорот да функционира во интерес на двете држави и на регионот, порача специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан. Габриел Ескобар.

Охрид преживеа целодневен светски интерес за состанокот на кој се одлучуваше за нови регионални поместувања кон позитивното. Полн со полиција, со високи гости и голем новинарски интерес чии потреби сепак не беа исполнети на задоволително ниво- бидејќи цел ден ден ништо не се соопштуваше. А заврши откако конечниот документ претрпел дури 12 измени во директните преговори на трите страни, за на крај да го добие името Охридски анекс.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Васил Јованов призна вина, родителите на Фросина бараат максимална казна од 20 години – пресудата на 13 мај

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе