Осмомартовски дилеми: застаруваат ли формите за одбележувањето на 8 март?
Дали начините на прославување на овој ден се само израз на севкупната состојба на жените во државата, нивната гласност, присуство, еднаквост, застапеност?
Се вратија ли во јавниот живот, или сè уште се жртви на стереотипите во општеството за прифатливото место на една жена?
За Денот на жената и неговото одбележување вечерва во ТОП ТЕМА дебатираат: Ана Мартиновска – професорка и колумнистка, феминистка и активистка за родова еднаквост, Татјана Лопарски – сопственичка на агенцијата Елемент ПР и поранешна новинарка и Мартина Димоска – магистранд по вселенски науки.
Гостин – водител во Топ Тема Ели Пешева, директорка за комуникации во Њу Момент.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
